Maжот и рекол на жената дека е стара и непривлечна, на што таа му дала феноменален одговор
Maжот и рекол на жената дека е стара и непривлечна, на што таа му дала феноменален одговор

Maжот и рекол на жената дека е стара и непривлечна, на што таа му дала феноменален одговор

Мажот поминал 30 години во брак со една жена. Еден ден се загледал во неа и рекол:

„Драга, пред точно 30 години се вселивме во мал, скромен стан, како потстанари, возев некаква крнтија, спиевме на стар кауч, и гледавме црно – бел телевизор…

Но, затоа секоја вечер лежев во кревет со 23 годишна убавица.

Сега имаме своја куќа, два добри автомобили, огромен кревет и последен модел на ЛЦД телевизор, но секоја вечер одам во кревет со 53 годишна жена…

Мислам дека ти малку не одговараш на промените и стандардите кои се случија во мојот живот.

Одговорот на жената на оваа дрска констатација, беше краток, јасен и феноменален.

„Па добро, никој тебе не те држи, oди најди си 23 годишна убавица, и ќе се вратиш повторно во младоста, ќе живееш во мал стан, ќе возиш стара крнтија, ќе спиеш на кревет кој крца и ќе гледаш црно – бел телевизор…“

Create Account



Log In Your Account