Ме остави кога бев бремена, ми помогна психијатар: Тажната приказна на водителката Драгана Катиќ

Српската водителка Драгана Катиќ (54), позната по емисијата „Никад није касно“ поминала низ тежок животен период. Партнерот ја оставил кога била бремена со близнаците Бобан и Бојан кои сега имаат дваесет и една година. Водителката која ретко зборува за својот приватен живот, за белградски „Блиц“ ја раскажала оваа приказна. Денес, таа е насмеана и ведра како на малите екрани, така и во приватниот живот. 

„Тој си замина кога бев бремена. Едноставно, бевме две индивидуи кои со години се познаваа, беа во некоја врска, се обидоа да живеат заедно, и сфатија дека тоа не оди. Всушност, одлучив себеси да не се малтретирам. Тоа беше крај и со тоа расчистив. Таква сум , секогаш гледам да си угодам, и на дневно ниво и во животот генерално. Потоа тој, од разни оправдани причини не можеше многу да учествува во воспитувањето на синовите. Сега имаат коректен однос“, раскажа Драгана.

Таа додава дека откако партнерот ја оставил не сакала да потоне во тага и побарала помош од психијатар. 

Драгана со близнаците Бобан и Бојан 

„Ми беше тешко и побарав помош од психијатар. Мислам дека тоа е сосема во ред. Тие проблеми не успеав сама да ги решам, затоа постои стручно лице кое ми помогна да го совладам она што ме мачеше“, раскажала водителката. 

Фото: Фејсбук и Инстаграм на Драгана Катиќ