Ново дијагностицирани 6 лица: Бројката на пациенти со коронавирус се искачи на 76

Министерот за здравство, Венко Филипче со нови информации за  бројот на пациенти со коронавирус. Ново дијагностицирани попладнево има 6 лица, со овие пациенти, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 се искачи на 76 лица.

„Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци“, напиша на фејсбук Филипче.