,

Nutri Color Creme (нутри колор крема)

Жените сакаат да го трошат времето (и парите) за да ја добијат саканата фризура и боја на коса, а потоа и на различни третмани и маски за да имаат коса којашто изгледа навистина убаво и здраво. Но, и покрај тоа, кога станува збор за заштита на косата од сонце, честопати го прескокнуваат овој важен чекор. Косата можеби не гори на ист начин како и кожата, но штетните сончеви зраци можат многу да ја оштетат. Не е само сонцето она на коешто треба да обрнеме внимание во текот на летото, туку и топлината од фенот, пресата, хлорот, солената вода. Сите овие фактори придонесуваат незаштитената коса да стане уште поосетлива. Во летниот период деновите се подолги, а сонцето појако и во комбинација со штетното дејство на хлорот и солената вода косата станува сува, а бојата побрзо оксидира и избледува. Ние во Ревлон Професионал знаеме дека дури 75% од жените ја бојадисуваат својата коса и дека еден од најголемите предизвици со којшто се соочуваат е како да им биде косата здрава, а бојата силна и сјајна. Затоа смисливме и вистинско решение за сите жени кои ја бојадисуваат косата, Nutri Color Crème. Оваа ексклузивна мешавина комбинира козметички и негувачки состојки, провитамин В5, масло од семки од грозје и јонски пигменти. Јонските пигменти ѝ даваат јака, интензивна боја и спречуваат избледување на бојата. Мешавината на негувачки состојки делуваат на кутикулата на влакното. Провитаминот В5 (пантенол) има хидрирачко дејство и ја храни косата. Маслото од семки од грозје е исклучителен антиоксиданс и помага во неутрализирањето на штетното влијание на слободните радикали. Nutri ColorTM Synergy Complex-от со своето 3 во 1 дејство го храни влакното на косата и ви дава ненадминлива комбинација на колорација, нега и сјај за здрава, сјајна и свилена коса. Nutri Color Crème се достапни во повеќе нијанси, без оглед дали сакате да ја освежите бојата, да ја направите поинтензивна, да ги неутрализирате несаканите жолтеникави и црвеникави отсјаи или од русата коса да добиете боја како од бајка, на пример некоја пастелна нијанса или интензивна нијанса на виолетова, розева, па дури и бојата којашто е вистински хит сезонава, Blorange - нијанса помеѓу црвена и портокалова.   Nutri Color Crème лесно се нанесуваат, како и која било маска на измиена коса просушена со крпа и може, зависно од саканиот интензитет, да се користат при секое миење на косата или еднаш неделно. Доколку сакате само да ја освежите бојата, доволно е кремот да се остави да делува на косата 3 мин, а за исклучително воочлив ефект потребно е да отстои 15 мин.