Oва овошје е најдобар пријател на вашата кожа – пробајте го

За бананата може да се каже дека е најдобар пријател на вашата кожа. Таа е идеална за сите типови на кожа.  Бананата ја хидрира сувата кожа, ја негува уморната кожа, го враќа сјајот и енергијата. Ова овошје содржи витамини А, Ц, Б6, Б12, калиум, магнезиум и овошни киселини, кои помагаат во отстранување на мртвите клетки. За да биде покорисна за кожата можете да додадете мед или маслиново масло на бананата. Оваа мешавина можете да ја користите за сува или иритирана кожа.