,

OЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: Депресијата прераснува во рак на душата, алармот никако да се вклучи

Дека депресијата е сè поприсутна во нашето општество, потврдува Оливера Трајковска од Куманово, по професија теолог кој веќе неколку години ја проучува оваа појава. Во текот на своето истражување слушнала различни приказни, но вели на удар најчесто се младите. Сумираните искуства ќе бидат дел од книгата која ја подготвува. Дали депресијата зема замав во македонското општество? Да. Со жалење морам да одговорам на ова прашање. Депресијата зема сè поголем замав во Македонија за што говорат и фактите: Енормната потрошувачка на антидепресиви, зголемениот број на суциди( самоубиства), апатијата кај населението кога се работи за суштински прашања( во моментот загадувањето на воздухот), зголемениот број на бракоразводни парници и многу други показатели. Секој втор човек е во блага фаза на депресија,  секако вклучувајќи ги тука и децата, но надлежните институции никако да стават акцент на ова прашање. Статистичките податоци даваaт нереална слика во споредба со реалната фактичка состојба по оваа проблематика. Депресијата полека прераснува во рак на душата, а алармот никако да се вклучи. Целиот текст прочитајте го тука.