Од диџејка до премиерка: Која е Џасинда Ардерн?

37-годишната амбициозна жена по име Џасинда Ардерн неочекувано се појави како премиерка на Нов Зеланд. По преземањето на функцијата, таа вети дека ќе создаде „земја во која е заштитена нашата средина, каде што се грижиме за најранливите, каде што ги поддржуваме нашите семејства, каде што ќе се осигураме дека луѓето имаат најосновни потреби, како покрив над главата."

Една од нејзините први и шокантни одлуки беше да престанат да издаваат дозволи за истражување на нафта и гас во копното. „Транзициите треба да започнат некаде", рече таа. 

Ардер, исто така, предизвика и други табуа во нејзината земја. Таа ја поддржува легализација на марихуаната, таа е првиот премиер што маршираше на геј парада, и ветува дека жените наскоро ќе сочинуваат половина од партиската пратеничка група во парламентот. Повеќе од било кој од нејзините претходници, таа ги промовираше правата на домородните маорски луѓе. Можеби најпровокативно, таа тврди дека проблемот со бездомништво во нејзината земја го докажува „бесрамниот неуспех" на капитализмот. „Ако имате стотици илјади деца кои живеат во домови без доволно за да преживеат", вели таа, „Како поинаку би можеле да го опишете тоа?"  Граѓаните на Нов Зеланд ја наградија искреноста на Ардерн со проценка на одобрување од 73 отсто.

Таа е најмладиот женски шеф на влада во светот. Таа е исто така првата западна жена која се породи додека се наоѓа на оваа позиција на моќ. Само 2 дена по раѓањето на бебето со акушерки, што е стандард во болниците во Нов Зеланд,таа ја претстави ќерката во земјата на прес-конференција во вечерните вести. Беше навистина прекрасно. Таа ја именуваше Neve Te Aroha. Те Aroha значи „Љубовта" на маорски. Ги претставува сите имиња кои беа поднесени (по нејзино барање) од различни племиња низ целата земја, и е нејзин обид да се опфатат сите од нив.

Кларк Гејфорд е нејзиниот партнер, не, тој не е нејзиниот сопруг и тој стоеше гордо до неа на прес конференцијата со нивната ќерка. Тој е водител на телевизиско риболовно шоу, а остана дома со бебето Неве, додека неговата жена се врати да ја води земјата по 6 недели. Кларк мисли дека е логично да се откаже од својата дневна работа за да остане дома и да се грижи за бебето.

Една недела по породувањето, на 1-ви јули минатата година, Џасинда го претстави пакетот за семејства од 5 милијарди долари, што го подготви на подот во куќа на нејзини пријатели во Хаштингс, долго пред нејзината бременост. Се базира на сознанието дека првите неколку години од животот на бебињата се најважни. Пакетот дава дополнителни 60 долари неделно за семејства со нови бебиња, а дополнителни 700 долари за семејствата за зимски трошоци за греење. Исто така, се зголемува платеното отсуство за нови родители од 18 недели до 22 недели. Таа ги објави деталите преку Фејсбук во живо, од нејзиниот кауч, веднаш откако го заврши доењето на бебето. 

Џасинда Ардерн е револуција за жените, докажува дека навистина знаеме како да водиме, и да го направиме тоа добро. Таа е жена која покажа дека раководните позиции не се предвидени само за луѓе од високообразовани семејства. „Вог" ја прогласи за млада и современа жена на либералните ставови, а и го залепи и прекарот „Антитрамп", опишувајќи ја како искрена и божествена.

И ако никој не би помислил, пред да стане премиерка на Нов Зеланд, Џасинда била диџејка. Таа пушташе 45-минутен сет на музичкиот фестивал „Auckland's Laneway music“ во 2014 година.

Ардер ги потсетува сите дека таа е само „обична девојка од мал град" и само втора во нејзината фамилија која завршила факултет. Оваа бринета потекнува од просечно семејства, нејзиниот татко е полицаец, а мајка и работела во училишната кафетерија.

- Никогаш не мислев дека ќе бидам премиер, никогаш не сум размислувала за тоа. Но тоа е моќта на можностите да им кажете ДА, некогаш кога ќе ви понуди да излезете од својата зона на комфорт, и вие тоа да го направите- заклучува таа.


Д.К.