ПЕЈАЧКАТА РЕБЕКА ОРГАНИЗИРА ТЕРАПИЈА СО МУЗИКА ЗА БОЛНИТЕ ДЕЦА: Син ми Маркијан прозборе со песна
Копнеев Маркијан да ми каже мамо. Еден ден ми се јави еден доктор по квантна медицина, и ми предложи да влеземе во една руска студија за нова метода на лекување со звук и со музика. Јас постојано му пеев и му пуштав музика. Почнав да му се обраќам со пеење и со обични предлози од типот: „Ајде да одиме надвор“, или: „Сега ќе јадеме“ ги отпејував. Пред да наполни четири години бевме и во манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. На враќање во автомобил, за прв пат кажа ДА. Потврдно одговори на прашање и рече мама
Маркијан прозборе кога имаше девет месеци. Но, започна секој ден да добива епилептични напади, и оние малку зборови кои ги знаеше наеднаш престана да ги кажува, почна тешко да оди и понекогаш лазеше.- Ребека со синот
Децата од здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, чиј претседател е поп-пејачката Ребека Јанковска-Ристески од вчера почнаа со музикотерапија.Музичката вежбалница на музичкото училиште „Пијанофорте“ ќе организира терапија со музички сесии еднаш во неделата, во две групи, во кои ќе бидат од три до пет деца. Ребека ни раскажа дека борбата со болеста на нејзиниот син Маркијан, туберна склероза, кој прозборел токму со музика, и е инспирација за овој чекор.
Маркијан прозборе со пеење и денес зборува одлично„Долго време размислував, од основањето на „Дајте ни крилја“ со мојата Јасна, потпретседател на здружението и претседател на Ресурсен центар на родители, разговаравме за музикотерапија. Сакавме да направиме обид и да започнеме со оваа активност. И некако се имавме поважни обврски и активности. Борба за лекови, пливање, донации, реновирања, настани, семинари, конференции, едукации. И еве, со нашите пријатели од „Пијано Форте“ конечно се договоривме. Со децата ќе работи др. Тереза Крцоска, музичар и педагог, која има посетувано предавања и курсеви за работа со чувствителната група на граѓани и предавала музика и танц на деца и возрасни со аутистичен спектар, дислексија, церебрална парализа и Даунов синдром“, ни изјави Ребека. Според неа, музиката е мелем кој лекува и на многу деца им помогнала во поттикнување на говорот. Меѓу нив е и нејзиниот син, Маркијан.
Музиката лекува, верувам дека ќе им помогне на децата од „Дајте ни крилја“.- Ребека„Маркијан прозборе кога имаше девет месеци. Првите зборови беа: баба, тата,не,дај и дај цице, хахаха. Но на 9 месечна возраст започна секој ден да добива епилептични напади. Инаку, од 5 до 10 напади дневно. Потоа на 20 месеци ја прими ММР вакцината и оние малку зборови кои ги знаеше наеднаш престана да ги кажува, почна тешко да оди и понекогаш лазеше. Епилептичните напади зачестија и понекогаш имаше и по стотина на ден. Кога направи три години, веќе бевме во очај. Маркијан немаше говор. Почнавме да се обидуваме на најразлични начини. Се обративме во центарот за слух и говор, но ни рекоа дека е мал и дека со логопедски вежби не започнуваат пред четвртата година, што беше шок за нас. Сите препораки од невролозите,педијатрите во светските центри каде што често престојувавме и правевме испитувања беа да се започне со рана интервенција и терапија. Пробyвавме и со алтернативни методи и верувавме дека, како што ќе престане епилепсијата така ќе започне и говорот. Епилептичните напади престанаа откако се случија многу необични нешта и под многу невообичаен сплет на настани, но Маркијан никако не почна да зборува. Копнеев да каже мамо и се прашував дали воопшто тоа ќе го доживеам некогаш“, ја сподели својата приказна за Женски магазин, Ребека. Иако лекарите биле скептични, неа надежта никогаш не ја напуштила.
„Одлучив да бидам борец и да не ги прифаќам мислењата дека Маркијан нема да може да трча, да зборува, да вози велосипед. Верував во мојот малечок херој и во Бога. Еден ден ми се јави еден доктор по квантна медицина, Дејан и ми предложи да влеземе во една руска студија за нова метода на лекување со звук и со музика преку информација од ДНК. Ни објасни што треба да направиме и прифативме. Во тоа време пиеше и една специјална вода, носевме и некакви магнети и јас постојано му пеев и му пуштав музика. Почнав да му се обраќам со пеење и со обични предлози од типот: „Ајде да одиме надвор“, или: „Сега ќе јадеме“ ги отпејував. Пред да наполни четири години и десет месеци бевме и во манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. На враќање во автомобил, за прв пат кажа ДА. Потврдно одговори на прашање и рече мама“, додаде пејачката. Во тој период, таа и нејзиниот сопруг Милан го запознале за нив најдобриот развоен едукатор што можеле да си го замислат, Драган.
„Тој започна да прави специјални цедеа за Маркијан, најразлични материјали и предмети за работа. Си реков фала ти Господи за овој човек. Маркијан одеше и два пати неделно на логопед по 30 минути кај Нермин во Центарот за слух и говор, но тоа не беше доволно. Работа, работа и многу музика во најразлични форми и стилови. И се случи и тоа по враќањето од Св. Василије Острошки. Полека но сигурно, кај Маркијан секојдневно се раѓаше говор, но пред сѐ пеење. Молитвите ги шепотев на неговото уво секоја ноќ, и Слава на Бога, Маркијан денес зборува многу убаво“, ни раскажа Ребека. Таа искрено верува дека музикотерапијата и стручноста на едукаторката Тереза Крцоска ќе им помогнат и на другите болни дечиња.
За Женски магазин, Милица Џаровска