По 34 години Тајчи го облече фустанот што го носеше на Евровизија: Како може да изгледа исто?

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, го облече фустанот што го носеше во 1990 година на Изборот за песна на Евровизија во Загреб.

Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Тајчи го освои седмото место со песната „Ајде да лудуваме“. Покрај заразната мелодија, публиката била импресионирана од нејзината розова креација и фризура, со кои во комбинација потсетуваше на Мерелин Монро.

„Истиот фустан 34 години подоцна. Издржа одлично“, напишала таа на фотографијата.

Тајчи моментално се наоѓа во Малме, каде што се одржува годинашното издание на Евровизија.

„Настапив во Шведска во фан клуб и всушност е одлично што песната „Ајде да лудуваме“ заживеа, живееше и ќе живее“, изјавила таа претходно.

Тајчи ја напушти Хрватска во 1992 година и замина во Соединетите Држави, каде што продолжи со музичките и сценските тренинзи, повремено појавувајќи се во мјузикли и на телевизија во Лос Анџелес.

Таа се омажи за продуцентот Метју Камерон во 1999 година. Тие имаат три сина - Данте, Еван и Бализ.

„Кога решив да заминам, сакав да пораснам, да учам, да се чувствувам слободна и да споделам со светот една поинаква радост - онаа што самата ја барав. Кога го следиш својот внатрешен глас, без да гледаш назад кон она што ќе биде, тоа води до најневеројатни резултати, главно многу подобри од она што може да го замисли нашиот ограничен ум“, изјави таа претходно.

Метју почина во 2017. Пејачката со синовите често го посетува родниот Загреб.


Вечерва започнува 68. издание на Евровизија, кое по трет пат ќе се одржи во Малме, Шведска. Евровизија ќе се одржи во арената Малме, со големото финале во сабота на 11 мај, додека вечерва ќе се одржи првата полуфинална вечер, а во четврток на 9 мај ќе се одржи втората.

Македонија и оваа година нема да има свој претставни, додека од регионот ќе учествуваат земјите како Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза. Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година.

Фото: Инстаграм
Извор: Кlix.ba