(РЕЦЕПТ) Чоколадна торта со портокал без брашно: Вкус кој вечно се памти
Состојки:
* 2 портокали
* 6 јајца
* 1 лажица прашок за пециво
* ½ лажица сода бикарбона
* 1 ¼ шолја шеќер
* 2 шолји мелени лешници или брашно од лешници
* ½ шолја какао
* ½ лажица цимет
* прстофат сол
* шеќер во прав
Подготовка:
- Портокалите ставете ги во средно голем сад за готвење и прекријте ги со вода
- Кога водата ќе почне да врие, ставете капак и намалете го огнот
- Гответе ги портокалите околу два часа додека не омекнат
- Кога ќе се изладат, исечете ги на половина и отстранете им ги големите семки
- Загрејте ја рерната на 180 степени, ставете ги портокалите во блендер и миксајте додека не добиете каша
- Треба да ви остане шолја и пол пире од портокал
- Додајте ги останатите состојки, освен шеќерот во прав и блендирајте додека смесата не се соедини
- Смесата ставете ја во калап за торта и печете од 45 минути до еден час
- Кога тотата ќе се олади, наросете ја со шеќер во прав или ставете друг фил по сопствена желба