„Само што не повратив“: Девојката го фати момчето дека ја изневерува и тоа во момент додека ја бараше за сопруга

Момчето ја изненади со патување и ја запроси. Сè беше совршено до еден момент.

Девојката доживеала шок од она што требало да биде еден од најубавите денови во нејзиниот живот. Таа раскажа што се случило во видеото што го објави на нејзиниот профил на TikTok. Таа досега добила околу 4.500 коментари под истото.

Рекла момчето ја израдувало со патувањето и дека неговиот гест го воодушевил. Кога стигнале на дестинацијата, тој се пријавил да учествува на едно натпреварување што се одржувало таму и ја замолил да ја сними на неговиот мобилен телефон за да може подоцна да се гледа.

„Ми го даде својот мобилен телефон и ми рече: „Душо, те молам сними го ова. Сакам да видиѓ што ќе се случи.“ Мислев дека натпреварот е забавен и згора на се тој победи. Снимав од неговиот мобилен телефон, целата возбудена и горда на моето момче“, вели девојката во видеото.

А потоа почнаа да пристигнуваат пораки на неговиот телефон. Она што го видела на екранот беше шокантно. „Пораките беа од девојка со која имал нешто, тоа веднаш го разбрав“, додала таа. Тогаш Тифани заклучила дека се работи за мажена жена која цело време додека биле во врска се гледала со нејзиното момче. Ја завршил аферата, а од пораките се гледа дека неговата љубовница се налутила што имал намера да ја запроси Тифани.

„Во тој момент ми се скрши срцето и за малку ќе повратев. Седев меѓу толпата луѓе на тој спортски настан и едвај се држев. Потоа тој ме запроси, не знаејќи дека знам се“, рекла таа.

Додека луѓето околу неа аплаудираа на чинот на нејзиното момче, таа се бореше со нејзините чувства за неговото неверство. По јавниот спектакл тој и пријде, ја прегрна и уште еднаш ја запроси. Искористувајќи го моментот, го одвлекла до најблиското кафуле. Таму таа го соочила со вистината. „Тој не се обиде да го негира тоа. Ми се извинуваше половина час, надевајќи се дека ќе ме смири, но јас не покажав емоции. Единствените зборови што успеав да ги кажам во тој момент беа: „Душо, овој прстен нема да биде доволен“, вели Тифани.

Во друго видео таа откри дека иако веднаш не го прифатила неговиот предлог, останала со него уште неколку месеци пред да раскине. Што се однесува до прстенот, таа му вратила: „Знам дека мислиш дека сум луда или глупава, но не ми требаше. Не сакам ништо од него, му го вратив тој прстен бидејќи беше валкан“. додаде таа.

Иако срцето и било скршено, Тифани нашла сила, тврдејќи дека најдобрата одмазда за нејзиното неверно поранешно момче е да биде среќна. „Тишината е смртоносна. Тишината ви ја враќа моќта, така што вие не изгледате како будала“, продолжи таа. Таа призна дека одмаздата ќе ѝ даде привремено задоволство. Таа откри дека судбината има свои планови. Нејзиниот поранешен се оженил откако раскинаа, но бракот траеше само една година и тој повторно е сингл. Од друга страна, Тифани ужива во љубовна врска.

Нејзините следбеници беа воодушевени и го пофалија нејзиниот начин на справување со ситуацијата. „Најдобрата одмазда е без реакција. Луѓето сакаат реакција за да ве наречат луд. Претераната реакција им дава моќ“, беше еден од коментарите. Тифани откри: „Ми требаа околу две години и многу пари за терапија само за конечно повторно да бидам во ред со себе“.

Еден човек коментираше: „Искрено верувам дека повеќето јавни предлози се манипулативни стратегии за да се натера девојката да се согласи“. Друго лице напиша: „Ги читав пораките гласно додека тој ме молеше“. Третиот додаде: „Вселената ти помогна тој ден и те спаси од беда. 

@triumphantlytraumatized Cheating Fiance Story time. What would you have done?! #cheater #cheatingboyfriend #cheatingfiance #datingstorytime #datingnightmares #datinglife #datingover40 #datingover40ishard #datinginyour30s #datingover30 #datingover40  @Tiffany Lyn original sound - Tiffany Lyn Traumatized