Тагата ги спои: Љубовната приказна на Хари и Меган

Не стивнуваат реакциите за одлуката на Принцот Хари и Војвотката од Сасекс, поранешната актерка Меган Маркл, да истапат од кралското семејство и да бидат финансиски независни. Додека се во фокусот, ние одлучивме да ве потсетиме како ги поврзала тажната приказна од детството и која е тајната на нивната среќна љубов.

Меган Маркл и принцот се запознале во летото 2016 година, а зошто популарниот „трет по ред“ наследник на британскиот престол толку брзо се заљубил е прашање кое интригира многумина.

Принцот и сам рекол дека, штом ја запознал Меган, знаел дека таа е вистинска жена за него. На неговите пријатели се им станало јасно кога ја повикал да му се придружи во Боцвана, како би кампувале под ѕвездите и тргнале по патот на запознавањето.

Не е тешко да се забележи дека брзо се вљубил во убавата актерка. Прекрасно изгледа, интелигентна е, се залагаат за исти работи. Нежната врска исполнета со ситни знаци на внимание најпрво ја негувале во тајност, а кога се дозна - веќе имаа силно тло под нозе, и медиумското внимание не им пречеше па релативно брзо дојде до свршувачка и продолжија да ја планираат заедничката иднина.

Принцот Хари, велат, по природа е едноставен човек кој умее да води сметка за некој, баш како што била и неговата мајка, никогаш прежалената покојна принцеза Дијана. Од друга страна , Меган исто така доаѓа од семејство во кое двете родителски фигури не биле „постојана појава“. Од таа причина, се смета дека се воспитани така да си одговараат совршено еден со друг. Имено, една од главните причини за успехот на нивната љубов е токму тагата. Тагата за семејството, неопходната целина, поддршката која доаѓа од домот.

Родителите на Меган Маркл се разведоа кога таа имала шест години.

„Бевме блиски. Тато ќе ме посетеше во недела, ќе вечеравме пред ТВ...“ зборуваше Меган во интервјуа.

Сепак, не било сосема се во ред.

Имало, меѓутоа, и исклучително тешки периоди за малата девојка. Била во ситуации кога морала да избере на која страна ќе застане. Имало моменти кога преку неа разговарале. А таа секогаш се трудела работите да ги прави така да бидат сите среќни, се зборови на пријател од детството, Нинаки Приди.

Хари разводот на родителите го доживеал на неколку години повеќе од Маркл, што секако не значи дека “среќата го послужила“:

„Имаше моменти кога двајцата со брат ми доволно не ги гледавме ни мама ни тато, имаше многу патувања. Знам дека не сме единствени на кои тоа им се случи. Секако, тоа е многу чуден начин на растење“.

Батлерот на Дијана изјавил за медиумите како на децата им паѓало тешко да гледаат како бракот на нивните родители се распаѓа. Кога Дијана би била вознемирена, и ќе се повлекла во соба, момчињата под врата и праќале ливче со порака „Се ќе биде добро“.

„Ги опсипуваше со љубов и во тие денови секогаш ќе спиеја во нејзините одаи, а не во детската соба“, изјавил некогашниот батлер на принцезата, Пол Барел.