Тамара втора во полуфиналето: Објавени конечните резултати

Со 239 поени, Тамара Тодевска завршила на второто место во второто евровизиско полуфинале, веднаш зад победникот Данкан Лоренс. Ова дефинитивно е историски успех за нашата земја, со оглед на фактот што досега и кога сме успевале да обезбедиме пласман во финалето, најчесто сме биле на границата по брoјот на освоени поени.

Тамара заврши осма во синоќешната завршница на „Евросонг“ и за време на поголемиот дел од натпреварот, нашата земја под новото уставно име беше на врвот на табелата. Поради малкуте поени од телефонското гласање, на крај од второто паднавме на осмото место.