Убава на мајка ѝ, а од татко ѝ црпи пример на силна волја: Лејла Рамковска среќна со родителите

Лејла Рамковска, инструкторката по јога, е една од ќерките на бизнисменот Велија Рамковски.

Во последните месеци, таа е среќно вљубена и во врска со познатиот Роберт Билбилов.

Често на социјалните мрежи отворено ја искажува љубовта кон саканиот, но постира и фотографии од семејството.

Викендов празнично, шармантната Лејла објави фотографии од нејзините родители, мајка ѝ  Мезес Рамковска и татко ѝ Велија Рамковски.


„На состанок со мајка“, напиша Лејла на една од фотографиите, додека пак на една фотка со татко ѝ напиша „пример на силна волја на 77“.


Иако долги години беше дел од бизнис светот и му беше од голема помош на својот татко, Лејла се одлучи за огромна промена во животот и професијата.

Таа денес е инструкторка по јога и многупати за медиумите има изјавено дека тоа е најдобрата одлука која ја донела.



FOTO: Instagram