Во униформа Елена Ристеска повика 192 среде Аеродром: Дали полицијата ја уапси пејачката? (ФОТО)

Вчера во паркот на авиончето во општина Аеродром се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.

По официјалниот дел следуваше забавен дел со голем број популарни изведувачи и презентација на опрема на разни полициски единици и дружење на граѓаните со полицијата.

Свечената церемонија по повод одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција, беше збогатена и со културна-уметничка програма со настап на познати македонски изведувачи.

Меѓу познатите беше и пејачката Елена Ристеска која ги собра сите погледи на присутните.

Облечена во полициска униформа и кратко мини здолниште, Елена ја изведе и познатата нејзина нумера 192.


Присутните ги забавуваше и познатиот ДЈ Мац.