Заштитен знак: Елена Ристеска со тренди моден додаток на Миконос (фото)

Популарната пејачка ја одбра актуелната грчка дестинација Миконос за својот летен одмор. 

Иако ужива во добро друштво, Елена Ристеска редовно објавува фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а од нив може да се забележи, дека и на одмор пејачката води грижа за изгледот. 


Сепак тоа што посебно се издвојува е еден моден додаток, кој изгледа дека ќе стане нејзин заштитен знак. Станува збор за марами, кои таа ги носи како аксесоар за коса. Интересно и тренди, Ристеска секогаш знае како да привлече внимание.