Ана Бунтеска: КАЈ ЌЕ НИ БЕШЕ КРАЈОТ

Да си ми тука блиску На дофат на рака Та дланките твои во моите корен да пуштеа И на топло цветој од нив да расцутеа Ех Да си ми толку блиску Да можам длабочината од твоите очи Во моите зеници да ја сместам Та ко жеден чоек на извор студен Од тебе жедта да ја изгасам Да си ми блиску Толку блиску за здивот да ти го вдишам И од него градиве со живот да ги наполнам Та после по ѓаволите се' да пуштам И мирно да заспијам Душо моја поболена И од пуста љубов разболена Кај ќе ни беше крајот Тука блиску да бевме И еден во друг ко улави да се џаревме Времето низ нас да минуваше Ко ветар низ дрво на лето Ко птица низ небо сино Да си ми тука Еве токму тука На само еден чекор до рајот И да можев збор да ти дофрлам И дума да ти дадам Срцево да ти го поклонам Ко млада невеста чеиз на љубениот што дава Кај ќе ни беше крајот Тука да си ми И јас покрај тебе да молчам Та во молкот сиот збор да ми го голтнеш Ненаситно ко доенче мајчината града Пиле мое К'смет да имавме за тука да си бевме Седнати на една трпеза обајцата Од една пајнца леб да делевме Од една чаша вино да пиевме И во иста постела телата да ни се љубеа Тука да ми беше Таму да ти бев

Кај ќе ни беше крајот

И почетокот кај ќе ни завршеше

Та од куќа дом ќе направевме

И дечиња ќе растрчавме

И секоја одаја со смеа ќе ја наполневме

Само среќа да имавме

Тука

Еден до друг да си бевме

За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска