Биди со оној кој ќе се бори за тебе

Кога наутро ќе се разбудиш, тој мисли на тебе. Кога си легнуваш, те испраќа со топла прегратка. Ти си мислата која секогаш му лебди низ главата. Не те оставил по страна, туку ти го дал централното место во својот живот. Не те стави на пиедестал, но те гледа и сега поради тоа што си, можеби и повеќе. Со тебе не е поради досада или осаменост, тука затоа што искрено те сака. Биди до оној кој ти покажува колку си важна за него. Нема да има основа за забуни, недоразбирања или сива зона.
Биди до оној кој ти покажува колку си важна за него Секој ден е присутен, ти ги покажува своите чувства. Ти го дарува своето срце, покажувајќи ти дека за него ти си единствена. Биди со оној кој се бори за тебе во тешките мигови. Кога светлоста се гаси, виножитото исчезнува, доаѓаат темни и долги вечери. Тој никогаш нема да се умори од твоето молчење. Ќе биде близу до тебе. Ќе се бори за тебе, па дури и кога ќе си помислиш дека не заслужуваш да си со него. Ќе ги скрши твоите ѕидови за да ти докаже дека немаш потреба да се плашиш. Биди со оној кој се бори да ти биде рамен. Твој колега во битка, твој партнер и најдобар пријател. Кога ќе посакаш да заминеш, ќе те повлече за рака, подготвен да побегне со тебе заедно. Покрај него, животот е складен, иако е голема авантура. Сонцето свети посилно. Дишеш порамномерно и подобро. Твоето срце е полно со љубов и среќа. Тој ти дава и утеха и поддршка во секоја сурова ситуација. Тој е оној знак кој свети во ноќта, тој е твојата сигурност во најтешките моменти. Те охрабрува, те инспирира, те поттикнува да ги стасаш височините. Биди до оној кој ти покажува колку си важна за него. Ете тој човек ја заслужува твојата љубов, посветеност и чекање. Дотогаш, не се задоволувај со помалку. Животот е многу краток да го трошиш на погрешни луѓе и погрешни љубови.