,

Диетата на една обична жена која навистина дава резултат

Како многу жени и Александра не била задоволна од своето тело. Постојано барала нови и нови диети кои ќе одговорат на нејзините потреби и барања. По многу студии и испитувања, таа ја развила потребната диета за да го задржи своето тело во форма.  Со неа не се губи лесно тежината, но навистина има ефект. "Знаев дека треба да ги сменам моите навики во исхраната, но најголем проблем беше тоа што немав доволно време", вели таа. "Морав да ги водам децата на училиште, да се грижам за куќата. Немав доволно време да готвам посебни јадења само за мене, па решив да сменам некоја храна во моето секојдневно мени.“ Принципите на мојата исхрана се многу едноставни и сметам дека лесно може да се применат и во вашиот режим на исхрана. Еве го нејзниот пример: Лебот го заменив со природни бисквити, крекери и црн леб. -Постепено почнав да ја намалувам нивната количина. Конечно дознав дека не ми треба толку леб, иако навистина го сакав лебот! Газирани пијалоци Почнав да избегнувам пиење газирани пијалаци. Ако сепак посакам - се обврзувам до една чаша. Алкохол Претпочитам да не пијам алкохолни пијалоци воопшто. Но понекогаш е тешко да не се напиеш барем една чаша, особено кога си на некој специјален настан или си излегла со другарките. Во такви случаи, избирам да пијам вино, бидејќи има здравствени придобивки. Шеќер Тоа беше многу лесно за мене. Постојат многу природни засладувачи на пазарот со помалку калории и помалку штетни ефекти. Морав само да внимавам кога ќе готвам. Сок Оваа промена ја ужива целото мое семејство. Заборавив на сите вештачки засладени сокови, почнав да пијам само свежи сокови. Моите деца ги обожаваат. Кафе Лесно го заменив црното кафе со зелено. Има многу здравствени придобивки, но најдобро е тоа што е природен лек за губење на тежината. Вкусот е малку поинаков, но лесно се навикнувате на него. Појадок Појадокот е главен оброк за тој ден и не треба да го пропуштате. Ако пропуштите појадок, поверојатно е дека ќе го надоместите! Па решив да имам појадок секое утро, без разлика колку сум зафатена. Исто така направив неколку промени во менито - наместо јајца и шунка, јадам јајца и зеленчук. Чоколада Не можев да се откажам од чоколадо. Како можам да живеам без него? Не јадам толку многу, сакав да јадам неколку парчиња додека гледав убав филм. Па решив да го заменам чоколадото со црно - колку повеќе црно и горчливо, толку помалку маснотии и шеќери што ги содржи. Овошје Овошките имаат одличен ефект врз вашето здравје, но ако сте на диета, треба да избегнувате висококалорично овошје. Почнав да ги нагласуват црвените плодови кои содржат големи количини на антиоксиданси и зелените, како што се киви и јаболка, кои ме полнат со витамини. Сосови и преливи Јас навистина го сакам мајонезот, но се покажа дека можам да го заменам со многу работи - крем сирење, авокадо, маслиново масло и така натаму. Јогурт Почнав да правам јогурт дома. Доколку е потребно, купувам верзија со помала содржина на маснотии од супермаркет. И избегнувајте ги сите овошни десерти. Освен тоа, почнав да одам околу 30 минути секој ден