Еве што треба да јадете за убава кожа

Сувото овошје содржи голем број на антиоксиданти, минерали и витамини. Поради тоа се идеални за секојдневна исхрана, бидејќи вашата кожа ја прават здрава и сјајна.

Познато е дека сувото овошје и јаткастите плодови во себе содржат многу важни хранливи материи. Во нив има големо количество на протеини, витамини, минерали и влакна. Доколку сакате да имате подобро здравје и совршена кожа, консумирајте ги овие намирници. Тие го намалуваат ризикот од анемија и кардиоваскуларни болести, го контролираат холестеролот и телесната тежина, го зголемуваат нивото на хемоглобин, го подобруваат здравјето на срцето, на дигестивниот систем и функцијата на мозокот, спречуваат дијабет тип 2 и остеопороза.

Сувото грозје содржи ресвератрол, специфичен антиоксидант кој ја поддржува здравата кожа и го успорува нејзиното стареење. Покрај тоа витаминот Е, кој го има во сувите плодови и некои јаткасти плодови, како на пример индиски ореви, има одличен ефект против стареење врз кожата.