,

Зошто детските играчки се сериозна работа?

Одамна поминаа времињата кога прашината, гранките и камењата беа единствени детски играчки. Иако педијатрите се сложни дека калта и прашината се незаменливи за изградба на имунитетот на децата и дека отсуството на игра во природа не може да го замени ниту една современа играчка, и децата и родителите се радуваат на изобилие од шаренилото на боите и идеите во продавниците за играчки. Можеби тоа е една од причините што наспроти некогашните големи и комплицирани играчки, денес многу често се барани играчките кои може лесно да се понесат во рака, ранец, џеб и на детето му се добро друштво каде и да се најде. Куклите од оние големите или порцелански, само за декор, сведени на мини кукли, автомобили од големи, на далечински управувач, исто така на помали модерни – кои дури и по неколку се собираат в џеб. Сепак, векот во којшто живееме нуди разновидност од секакви чуда, па со самото тоа и играчки. При купувањето на играчки, нема грешки. Сѐ она што му се допадне не детето, го радува и му држи внимание, а одговара на безбедносната и здравствена доверба – е добра играчка. Единствената грешка, која родителите или оние кои ја купуваат,  може да ја направат е купувањето на играчка која е несоодветна за годините на детето. Во ова време, на технологија и напредок тоа на прво место се телефоните, таблети и слични технолошки новитети. Иако долго не беа прифатени сериозно, туку само како детски каприц и не толку неопходна потреба, психолозите сметаат дека добрите играчки, всушност се третиот родител. Нивната примарна улога е да ги забавуваат децата, но со добриот избор на играчки ние непосредно им купуваме уште еден нов учител на децата. Разните играчки кои ја развиваат фантазијата ги подготвуваат децата за иднината и подобруваат низа нивни способности. На прво место секоја играчка, со самото тоа што мора да се земе во малите рачиња, влијае позитивно на развојот на физичката способност, а како што поминува времето и како на децата им купуваме се пофини играчки со мали делчиња, копчиња со функција и слично, тие го стимулираат развојот на фина моторика. Бебето, за да си игра, прво мора да научи да држи некој предмет, т.е. играчка и да го открие начинот на кој таа функционира. Развојот на фина моторика, земање на ситни играчки и извршување на наредби на играчките кои таа можност ја нудат, е во директна врска со развојот на мозочната синапса. Со други зборови, децата треба што повеќе да работат со раце и прсти, за да надминат што повеќе предизвици. Освен таа многу значајна улога, важно е низ игра и допир децата да ја развиваат и координацијата меѓу прстите и очите. Како што многумина мислат, секоја вештина мора да се научи, а секако, најлесно е ако тоа оди од мали нозе, во овој случај, мали раце. Играчките поттикнуваат и на разбирање. Со помош на играчките се откриваат особини на работите и појавата. Прво во невербална, а подоцна кога децата проговорат и во вербална комуникација, децата во игра или во карање околу една играчка се учат и социјализираат, надминуваат конфликти, учат да споделуваат со други. Како што може да биде и спорење меѓу децата, играчката може да поттикне и на караница и отсуство на желбата за делење, што сепак се, животни ситуации со кои ќе се среќаваат и како возрасни луѓе. Што порано почнат да се среќаваат со такви и слични ситуации, порано и ќе научат како со нив да се изборат. Исто така, играчките овозможуваат да се испробаат во улогата на возрасните. Токму она што тие го посакуваат, а во реалноста не е изводливо.