МЕ ВИКААТ „ПАПУЧАР“: На мојата жена не ѝ треба помош, ѝ треба партнер

Мажите кои ја сакаат и почитуваат својата сопруга обично од страна на други мажи се окарактеризирани како папучари. Многумина се срамат од тие „титули“, но не би требало. Еден маж ја дал својата исповед на која би требало да му се честита

„Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седнавме и разговаравме за животот … „Отидов јас на секунда да ги измијам садовите во мијалникот“, му реков. Ме погледна како да сум рекол дека одам да конструирам вселенски брод. Ми рече, воодушевувајќи ми се, но помалку збунето: „Добро за тебе што и помагаш на својата жена, јас кога го направам тоа, мојата жена тоа не го почитува. Еден ден го избришав и подот, ни благодарам“. Се вратив седнав со него и му објаснив дека јас не и помагам на мојата сопруга. „На мојата сопруга не и треба помош во куќата, и треба партнер. Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите, но сигурно не се работи за помош во куќата. Јас не и помагам на својата жена да ја исчисти куќата, затоа што и јас живеам овде па и јас морам да ја чистам. Јас не и помагам на својата жена да готви, затоа што и јас сакам да јадам и јас морам да готвам. Јас не и помагам на својата жена да ги мие садовите по јадењето, затоа што и јас ги употребував тие садови. Јас не и помагам на својата жена околу децата, затоа што тоа се и мои деца, а мојата улога е да бидам татко и родител. Јас не и помагам на својата жена да ги простира и пегла алиштата, затоа што тоа се и мои алишта и од моите деца. Јас не сум помош во куќата, јас сум дел од куќата. А што се однесува до почитувањето, го прашав кога последен пат, откако завршила со чистење на куќата, перење на алиштата, откако ја променила постелнината на креветот, ги избања децата, организирала, и така натаму, и рекол благодарам? Но, благодарам од типот: „Вау, жено моја! Фантастична си!“ Ти изгледа апсурдно? Ти изгледа чудно? А кога ти, еднаш во 100 години, го исчисти подот, очекуваше минимална награда за извонредноста, со многу слава. Зошто? Дали некогаш си размислил за тоа, пријателу? Можеби затоа што, според тебе, се тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си навикнал се тоа таа да го направи, а ти да не мораш со прст да мрднеш? Значи, почитувај како што би сакал тебе да те почитуваат, на ист начин и ист интензитет. Подај рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, да спие и да се избања… Чувствувај се како дома во својот дом.“