,

НАПРАВЕТЕ САМИ: Чај за брзинско отстранување на болки во грлото

Моментално владее сезона на грип и вируси, која се почесто тргнува од болно грло... На наша среќа , успеавме да најдеме рецепт за фантастичен чај кој после само една употреба ќе ги намали болките во грлото и со самото тоа ќе го спречи ширењето на вирусот. Лесно се подготвува и бара состојки кои веројатно ги имате дома. Целосно е природен и не му се потребни вештачки додатоци. Состојки: - 1 лажичка мелен ѓумбир - ½ лажици мед - зовриена вода - 1/2 лимон Подготовка:
  1. Ставете го ѓумбирот и медот во шолјата за чај
  2. Прелијте со зовриената вода
  3. Исцедете половина лимон во добиениот чај и добро се измешајте
Покрај освежувачкиот вкус, чајот ќе ве загрее и ослободи од болки во грлото. Можете да го пиете колку сакате во текот на денот, бидејќи нема штетни ефекти.