Пет секојдневни навики заради кои се дебелееме

Одамна не јадете брза храна, избегнувате слатки, но уште сте со некој килограм повеќе. Ретко кој верува дека утринските ритуали му влијаат на тежината. Според истражувањата, дојде време да се откажете од следните пет навики: предолго спиете Ако долго спиете се лачи хормонот на стресот од што имате зголемен апетит. Премногу спиење не е добр0. Ако спиете над 10 часа ќе имате повеќе масти од потребното во крвта. Лекарите препорачуваат од 7 до 9 часа сон. се облекувате во мрак Не ги кревате ролетните кога ќе се пробудите? Тоа е втората причина затоа што светлоста и зраците влијаат на метаболизмот. Во мрак организмот е во пасивна состојба. не го местите креветот Истражување направено во Америка покажа дека луѓето кои го местат, а вечер го разместуваат креветот, спијат поквалитетно. Тоа е психолошки ефект кој влијае на телото. бегате од вагата Мерете ја тежината пред оброк, и после. Затоа што во текот на ноќта организмот губи повеќе вода, најреална е утринската тежина. не појадувате редовно Универзитетот од Тел Авив со истражување потврди дека појадокот е најважен оброк и треба да содржи 600 калории.