,

Пијте го овој пијалок наместо кафе наутро и полесно ќе слабеете

Пијалокот кој најчесто се пие по или со појадокот е кафе, покажало истражувањето кое го направила НДП група. Иако кофеинот го покачува нивото на енергија во телото, тоа влијае краткотрајно, а ако го пиете со млеко и шеќер, тоа ќе влијае и на вашата линија. Од друга страна, утринско пиење на црн чај би можело да биде оптимален пијалок, кој ќе ја задоволи потребата за поткренување на енергијата наутро и позитивно ќе влијае на човечкото тело, пишува Reader’s Digest. Не само што црниот чај ја задоволува утринската потреба за кофеин, туку исто така има прилично неверојатно влијание за слабеење. Црниот чај може да произведе здрава бактерија во цревата и дури да поттикне подобра работа на метаболизмот, откриле истражувачи од Универзитетот во Калифорнија. Слабеење со црн чај Нивното истражување со различна исхрана кај глувци и со додаток на црн чај покажало дека количината на бактерии pseudobutyrivibrio, се зголемила, а таа поволно влијае на работата на метаболизмот. Црниот чај ја иницирал работата со микроби (микроорганизми во метаболизмот), кои го подобруваат здравјето и ја намалуваат телесната тежина. За љубителите на црниот чај, ова е само уште една причина зошто треба да продолжите со својата добра навика-изјавила др. Заопинг Ли, раководителка на Центарот за човечка исхрана на Универзитетот во Калифорнија. Молекулите на црниот чај се поголеми и остануваат во цревата наместо да се апсорбираат. Како последица на тоа, тие го подобруваат растот на корисни бактерии и создаваат микробни метаболити, вклучени во регулација на метаболизмот-изјавила Сузан Хенинх, еден од водачите на истражувањето. Во принцип, црниот чај содржи полифеноли кои го забрзуваат метаболизмот и влијаат на зголемување на енергијата и намалување на маснотиите во телото. Ако луѓето црниот чај го пијат со лимон, кој содржи витамин Ц, тоа ќе има уште подобар ефект на метаболизмот. Дневно би требало да се пие една до две шолји, не повеќе. Но, луѓето кои се чувствителни на кофеин, како трудници, би требало да внимаваат-објаснила нутриционистката Ана Илиќ. Добри страни на црниот чај:
  • Ја зголемува енергијата
  • Природен антиоксиданс
  • Влијае превентивно кај некои видови на рак
  • Го намалува ризикот од дијабетес
  • Го намалува холестеролот
  • Го намалува ризикот од Паркинсова болест
  • Влијае превентивно кај остеопороза
  • Поттикнува брза работа на метаболизмот
  • Го намалува ризикот од срцев удар
Лоши страна на црниот чај (ако се пијат 3 или повеќе шолји дневно)
  • Ја зголемува анксиозноста
  • Проблеми со спиење
  • Главоболка
  • Често мокрење
  • Неправилен срцев ритам
  • Мачнини и повраќање
  • Нервоза и немир
  • Зуење во уши
  • Може да ја влоши анемијата
  • Го забрзува чукањето на срцето
  • Дијареја
  • Ги влошува симптомите на синдромот иритабилни црева