Поучна приказна: Луѓето секогаш ќе зборуваат

За првпат по венчавката, во шестиот месец од бремноста, во солзи го поминала родителскиот праг. А капка од крв на нејзината блуза покажувало дека нешто не е во ред.
  • Со удар ми извади заб, изјавила.
  • А зошто те удрил? - прашала мајка и. Те познавам, ќерка си ми. Никој нема да крене рака на жена, посебно не на бремена жена. Освен ако не е испоровоциран. Затоа кажи што му направи. Зборувај!
  • Ништо мамо. Доцнеше половина час од работа и ручекот се олади, знаеш дека не сака да јаде ладна храна.
  • А не можеше да ја стоплиш? Па, кога пристигнал уморен од работа барем да јадел како човек? Затоа што тој е тоа, човек. Тој е глава на домот.
  • Но, ништо не му кажав.
  • Молчи! Оди врати се дома и како ништо да не се случило. Оди.
Ќерката ја наведнала главата и не гледајќи во мајката прошепоти: Јас мајко не се враќам таму. Сакам да се разведам. Не го знаеш ти него. Мајката ја прегрнала ќерката и низ солзи прошепоти” „Немој ќерко, срамота е. Што ќе кажат соседите? Ќе те викаат распуштена, а детето копиле“. Со тие зборови мајката ја убедила ќерката да се врати кај мажот. Не поминало долго време кога ќерката повторно се вратила кај мајката.  Овојпат ја турнал низ скали, па да се удари сама каде сака и таа и копилето кое го носи. -Баш така кажа? -Да, мамо. И јас не се враќам. -А каде мислиш  да се вратиш? Овде? Соседите да зборуваат. Не. Оди, милкувај се и врати се кај мажот. Со тешко срце младата послушала и се вратила кај мажот. За три дена со силен удар повторно и извадил заби бидејќи ненамерно расипала шолја со кафе врз неговата нога.
  • Кучко, ме изгоре, намерно го направи на тоа.
Третиот пат не отишла кај мајка и да бара помош. Застанала на мост, се фатила за стомакот и скокнала во река. Мајката плачејќи се корнела за коси, па сакале да и кажат: Немој жено, срамота е што луѓето ќе кажат? Луѓето секогаш ќе зборуваат нешто.