,

ПСИХОЛОГ СОВЕТУВА: Како да го контролирате детето на Интернет

За да го сочуваат детето од можни несакани последици на употребата на Интернет, потребно е родителите на време да преземат одредени чекори. Еве основни совети како да постапите… Контролата на децата на Интернет е неопходна за децата да се заштитат од злоупотребат, а која официјално се санкционира законски и која се однесува на пет основни подрачја.
  • Трговија со луѓе
  • Блуд - сексуална злоупотреба, силување, проституција …
  • Кражба на пари и други работи преку продажба на услуги и наведување да се остават податоци за платните картички или телефони, но и таканаречена размена на предмети по пошта и слично
  • Насилство - пред сѐ генерациско исмевање и вербален напад, психичко малтретирање и тортура, како и физичко, доколку дојде до средба со жртвата
  • Советодавни влијанија - сугестии кои наведуваат на самоповредување, како режими на исхрана, вежби, лекување на болест, здравствени и други практични животни совети, во чија заднина може да бидат обреди на секташки заедници и слично.
*Запознајте ги децата со правилата За да разбере детето поради што како родител сте загрижени за него, кога тоа поминува време на Интернет, потребно е со него да поразговарате на тема - злоупотреба на социјалните мрежи. Во врска со тоа, најпрво на детето објаснете му ги правилата на комуникација со непознати - да не разменува лични податоци, броеви на телефон, платежни картички, адреса, приватни фотографии, информации за познати со непознати, но и да не прифаќа пријателство и комуникација со непознати луѓе на социјалните мрежи. *Соодветни родителски мерки За да ви се доверуваат децата и да ви кажат кога нешто згрешиле, не смеете да практикувате методи на остри казнувања и застрашувања со својот авторитет во процесот на воспитување. На тој начин детето да се плаши од вас, повеќе отколку од „ Сајбер крадците и манијаците “. Негувајте советодавен разговор и следење на спроведувањето на советот. Разговарајте отворено со децата за се. Во спроведување на мерките за безбедност и воспитување, бидете упорни и одлучни, но не и насилни. Кога постојат некакви индиции за несоодветна употреба, може да примените техники на блокирање пристап до поединечни содржини и сајтови или да ја укинете употребата на Интернет, но имајте на ум дека детето може да го користи на други места, а не само дома. Затоа е подобро да создадете однос за безбедност надвор, еднакво како и дома. Различен пристап за различни возрасти Нивото на безбедност и начинот на остварување на безбедноста зависи од возраста на детето. За помали деца, најбезбедно е да вградите некои од детските пребарувачи кои им овозможуваат некој степен на слобода во пребарувањето, но немаат таква слобода како општите пребарувачи. Може да ги научите како да препознаат опасни страници и содржини, и секако, да се посоветуваат со вас или луѓето од доверба кога имаат некоја дилема. Најважно е да имаат слобода да ви се обратат кога нешто згрешиле и оставиле некои податоци, кои можеби не требало или стапиле во некоја комуникација која не била безбедна. Основни чекори до безбедна употреба на Интернет Безбедно користење на Интернет за деца, почнува така што родителите ја обесхрабруваат детската наивност и претерана доверба во лица кои се нудат на Интернет. Најдобар начин на контрола на безбедноста е вградување на пребарувач за деца и алатка која бележи се што правело детето на Интернет, сите четови, фотографии, содржини и информации кои ги разменувале. Потоа, да се научи детето како да ја препознае опасноста, но и кои се правилата за стапување во комуникација на Интернет. Да се научи детето секојдневно да се консултира за содржини и сајтови, кои се користат и она што се случувало на нет. Слично како што ве информираат што се случувало во училиште или дворот за играње. Разменувајте искуство со други родители и постари деца, со личности кои се стручни за инсталација на софтвер за можни контроли на пристап на детето на Интернет и инсталација на соодветни алатки за ограничување на овие слободи. Покрај тоа, сите мерки за правилен физички, морален и психолошки развој, кои важат во обичниот живот важат и на Интернет. Законските и социјални мерки на санкционирање се изедначуваат со санкционирање на престап во реалниот живот.