,

РЕЦЕПТ: Бадников леб со и без квасец

Бадник е најголемиот и најубав христијански празник. Денот пред раѓањето на Исус Христос. Знаеме дека се одбележува со богата софра на која лебот со паричка е задолжителен обичај. Јас ќе ви предложам 2 идеи. Бадников леб без квасец: 500 гр. Цело -зрно брашно 2 лажички сода Половина лимон 250 мл. Кисела вода Сол Во сад промешајте го брашното со содата и солта. Убаво мешајте за да се распореди содата. Додадете го сокот од пола лимон и киселата вода. Доколку има потреба и ако тестото се лепи додајте уште некоја лажица брашно. И секако не заборавајте да ставите париче. Покријте со полувлажна крпа и оставете да отстои од 2 до 4 часа. Потоа одвојте малку тесто за декорација и обликувајте топче но гледајте да е посплескано. Топчето украсете го по желба и печете во претходно загреана рерна на 180 степени. Откако ќе се испече замотајте го во сува крпа и оставете го да се олади. Бидејќи е без квасец не очекувајте внатрешниот дел да биде воздушест. Бадников леб со квасец: 375 мл. Млака вода 1 лажица кафен шеќер 2 лажици маслиново масло 1 ќесичка сув квасец 400 гр. Цело зрно брашно 200 гр. Бело брашно Сол За декорација: 200 гр. Бело брашно 3 лажички сол 100 мл. Вода Во млаката вода ставете го квасецот заедно со шеќерот и маслото и покријте 10 мин да се активира квасецот. Потоа додадете ги брашното и солта и замесете меко и мазно тесто. Трик од мојата супер бабичка доколку немате снага да го месите и стискате тестото тогаш 99 пати удрете го од работната маса, малку посилно да биде 





                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=