,

РЕЦЕПТ: Вкусен и најважен…направете си вкусен и лесен појадок

Вкусен и најважен… Појадокот не смее да се прескокнува и ТОЧКА. Од секогаш за мене појадокот е најважен оброк за здраво и витко тело. И тоа оној појадок кој што навистина содржи многу хранливи состојки. Еден од честите и вкусни богати појадоци е и следниот рецепт.   2 Тост лепчиња (направете си сами) Пола авокадо 1 лажица црвен кромид 1 лажица сок од лимон 1 мала лажичка црвен пипер Половина лажичка коријандер (во прав) 1 лажица масло од сусам 1 Домат 10 ливчиња „бејби спанаќ“ 1 јајце 1 лажица лупени семки 1 лажица лупен сончоглед Прстофат шарена сол Бибер Јајцето ставете го да се свари. Потоа излупете го авокадото и згмечете го со виљушка и во него додајте го црвениот кромид (ситно насечкан), црвениот пипер, коријандерот, маслото од сусам и лимоновиот сок. Промешајте да се соединат и додадете сол по желба. Тост лепчињата (овие се од цело зрно брашно, ’ржано брашно, лен и овес) потпечете ги во апаратче или на тава. Намачкајте ги со намазот од авокадо, ставете домат насечкан по желба, ливчињата спанаќ и половина јајце. Истото повторете го и со другото лепче. И на крај наросете ги со семките и шарената сол.   Пријатен ден 





                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=