САЊА ДОЛЕЖАЛ ОД „НОВИ ФОСИЛИ“ НА ГОСТИ ВО СКОПЈЕ: Нема пак да се мажам

Како што времето поминува, се повеќе спомени имам на мојот покоен сопруг. Најмногу го паметам неговото смеење. Секогаш, кога тој беше во друштво, друштвото беше многу весело. А она што секогаш ќе не спојува, тоа се нашите деца. За неа важи прекарот вечна девојка, поради младоликоста и енергијата која ја носи. Беше и остана една од најголемите екс-југословенски поп-ѕвезди, заштитниот лик на популарната група „Нови Фосили“. На „Евровизија“ во Брисел, на 9 мај во 1987 година, Сања Долежал го прослави својот 24 роденден, и за Југославија, со „Нови фосили“ и песната „Ја сам за плес“ го освоија четвртото место. „Фосили“ изградија успешна кариера и испеаја многу хитови и потоа, па години откако престанаа со работа, се обединија, а публиката сè уште ги сака со истите, стари песни. Сања Долежал денес има неполни 55 години, изгледа одлично, и е водител на Тв прилог за готвење во Загреб. Заедно со својот колега Владимир Кочиш- Зец, беа на гости во Скопје, на покана на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, за да ја примат наградата за трајни музички вредности. Дел од себе си, Сања ни подари во интервјуто за „Женски магазин“ на генералната проба на „Златна Бубамара“. [caption id="attachment_18726" align="aligncenter" width="616"] Смеењето е најубавиот спомен што го имам од мојот покоен сопруг.- Сања со Ненад Шариќ, тапанарот на „Нови Фосили“[/caption] Женски магазин- Кога последен пат сте биле во Скопје и како ви се чини градот сега? Сања- Го паметам Скопје многу, многу поразлично од сега. Прошетавме низ градот, и тоа е една огромна разлика од минатиот пат кога настапувавме со „Нови фосили“, а тоа е пред точно 28 години. Потоа сум била сама, на снимање на некои Тв емисии, но по толку години, повторно ќе се најдеме пред македонската публика, на сцената. Мојот колега Зец и јас, дојдовме во името на групата „Нови фосили“ да ја примиме оваа убава награда, за трајни музички вредности на „Златна Бубамара на популарноста“, и верувајте, многу ни годи. Женски магазин- Освен музичка, имате и богата кариера како Тв водител. Како ви оди со вашиот нов Тв проект, „Готвењето е Ин“ на хрватската Тв „Нова“? Сања- Тоа е прилог во состав на една Лајф-стајл мозаик емисија, која се вика „Ин магазин“. Продуцентите од Тв „Нова“ сакаа една жена која не е професионална готвачка, туку пејачка, која на еден свој начин ќе им дава совети на младите домаќинки за готвење. Јас готвам веќе 35 години, тоа го научив од мајка ми. Тоа не е тајна, дека сакам да готвам и дека сакам да јадам. [caption id="attachment_18724" align="aligncenter" width="503"] Се работи за мој пријател со кој се појавив на венчавка лани, па дури сега тоа наше појавување се актуализира. Јас не планирам повторно да се мажам. -Сања Долежал[/caption] Женски магазин- Што најмногу сакате да готвите? Сања- Токму старите рецепти кои ги научив од дома, сакам да ги преработувам на нов, помодерен начин. Јадења од месо, чорби, домашни тестенини, десерти…Готвењето е мојата голема страст, а кујната место на голема инспирација. Сега ми е многу забавно што тоа што го знам можам да го споделам со друштво, во овој случај, тоа се Тв гледачите.   Женски магазин- Неодамна изјавивте дека вашите деца, Леа и Лука тргнале по својот пат. Со што се занимаваат и што е она највредното на кое ги научивте? Сања- Ќерка ми е сега во Лондон, таа студира на џез-академија, а синот се определи на сосема нешто друго. Тој е во Загреб и студира математика. Лука има 24 години, а Леа 22. Тие се веќе свои луѓе, се одвоија од мене, живееме одделно, но како мајка, ќе се грижам цел живот за нив и ќе ги советувам за се што треба. Она што често им го зборував, а им го зборувам и сега е: памет во глава. Младоста е нетрпелива. Кога сме млади, се сакаме веднаш. Секоја одлука треба да се преспие, треба малку памет пред да се донесе. Тоа ги учам моите деца. [caption id="attachment_18727" align="aligncenter" width="630"] Леа студира џез во Лондон, а Лука математика во Загреб.- Сања со децата[/caption] Женски магазин- Наликуваат ли на вас кога бевте на нивна возраст? Сања- Се разбира. Секој на свој начин. Наликуваат на мене по карактерот. Лука физички повеќе личи на мене, а Леа карактерно. Женски магазин- Поминаа повеќе од пет години од смртта на вашиот сопруг, музичарот Ненад Шариќ, ваш колега од групата „Нови фосили“. Кое ви е најубавото сеќавање на сопругот? Сања- Велат дека времето ги лекува раните, но не е така. Тоа само ти помага полесно да живееш со загубата. Како што времето поминува, се повеќе спомени на Ненад имам. Најмногу го паметам неговото смеење. Секогаш, кога тој беше во друштво, друштвото беше многу весело. А она што секогаш ќе не спојува, тоа се нашите деца. [caption id="attachment_18723" align="aligncenter" width="400"] Сања во 1987 година со „Нови Фосили“ го освои 4. место на Евровизија со песната „Ја сам за плес“[/caption] Женски магазин- Хрватските медиуми пишуваа дека сте во нова врска, а ваш партнер е Антон Стојаковиќ. Дали е вистина дека сте повторно вљубена? Сања- Тоа е стара вест која медиумите малку ја проџвакаа сега. Се работи за мој пријател со кој се појавив на венчавка лани, па дури сега тоа наше појавување се актуализира. Велам, ние сме пријатели, а јас не планирам повторно да се мажам. За Женски магазин, Милица Џаровска