,

Специјална торта за Денот на вљубените

Потребни намирници: 8 јајца,11 лажици брашно, 1 пециво, 1 ванила,1дл млеко, 0,5 дл масло, изрендана кора од портокал. За фил: 2 пудинга од јагода, 1дл млеко, 500 мл млеко за подготовка на пудинг, пола маргарин, шлаг и јагоди. Подготовка: Направете бисквит за торта така што ќе ги изматите жолчките и шеќерот, па додајте го маслото и млекото, па потоа брашното, пецивото, ванилата и ренданата кора од портокал. Кората печете ја 20 минути на 200 степени во калап во облик на срце.  Кога корате ќе се испече исечете ја така што ќе добиете 2 кори. Изматете ги двата пудинга од јагоди. Кога ќе се излади, додајте го маргаринот и исфилувајте ја тортата. Изматете го шлагот, во кој може да додадете јагоди за да добиете црвена боја. Тортата може да ја декорирате со јагоди, малини.