Старица отишла да живее со синот и снаата, доживеала големо разочарување: Солзите на оваа баба никој не оставаат рамнодушен!

Една старица по смртта на мажот отшила да живее со синот, снаата и внуката. Со тек на времето нејзиниот вид и слух се влошувале, а рацете почнувале да и се тресат така што храната од чинија би паѓала на под. Синот и снаата почнал да ги нервира нередот кој го правела, па за неа поставиле мала маса во еден агол од собата, покрај ормарот за метли, како би јадела сама. За време на оброкот, таа би го гледала синот, снаата и внуката како јадат на големата маса, со очи полни солзи, но тие тешко разговарале со неа, освен што ја грделе кога би и паднала лажицата или вилушката. Една ноќ токму пред вечерата, девојчето седнало на под да си игра со коцките. „Што правиш“, ја прашал таткото сериозно. „Правам мала маса за тебе и мама, за да можете сами да јадете во ќошот јас кога ќе пораснам“, му одговорило девојчето. Таткото и мајката занемеле и се погледнале. А потоа почнале да плачат. Во еден момент станале свесни за злото кое го направиле. Таа вечер ја вратиле старицата на нејзиното вистинско место на големата маса и од тој ден таа секогаш јадела со нив. А кога парче храна или вилушка би и паднале на под, повеќе никој не посветувал внимание на тоа.