Тест од 10 секунди открива дали смеете да ја обоите косата

Доколку сакате да ја обоите својата коса, но не сте сигурни дали оваа одлука е добра за вашата коса, тогаш земете едно перче и ставете на него неколку капки вода. Набљудувајте колку време ќе биде потребно за косата да ја впие водата. Ако тоа се случи за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата е оштетена. Тоа значи дека косата претрпела оштетувања од пеглање, често бојадисување или пак била изложена на морска сол. За да ја спасите вашата оштетена коса, не ја изложувајте на топлина и не ја фенирајте веднаш по миењето кога е крута и полна со вода.