Утрински ритуали на познатите: Вака го почнува денот манекенката Роси Хантингтон Вајтли 

Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочувате со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, собравме утрински ритуални од  најуспешните жени ширум планетата-од Ана Винтур, преку Роси Хантингтон Вајтли, Исабел Марант па се до Гвинет Палтроу како би успеале да ви пренесеме како тоа овие успешни жени го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“ во тој креативен ден. За денес, ви го претставуваме утринскиот ритуал на Роси Хантингтон Вајтли  Прекрасната манекенка и актерка изјавила како нејзината утринска рутина е многу едноставна, а е потребно да „активирате“ само една работа-својата нежност. Таа своето утро го започнува со бакнежи и прегратки покрај своето момче Џон Статам, потоа на ред доаѓа прошетка на нејзините кучиња, а после тоа подготовка на доручек. „И додека останатите луѓе тргнуваат да седнат во својата канцелариска фотелја, јас веќе сум го испила својот зелен, цеден сок,  и сум отишла да ми ја средат шминката и фризура таза снимање. Во текот на тој процес на разубавување одговарам на мејлови, ги следам социјалните режи о читам новости во дигитални изданија“, рекла прекрасната манекенка.