Утрински ритуал од 23 минути: Навики кои ќе ви го променат животот

Луѓето со хронични болести се лекувале на овој начин, а дури 50% од нив по 6 недели ги оставиле лековите. Доколку сте способни да го кренете нивото на позитивност, вашиот мозок ќе биде во „среќна предност“. Се поставува прашањето дали може целиот ден да го поминете во „среќна предност“. Може, а за тоа е потребен утрински ритуал кој ќе ви одземе 23 минути. Запишете три реченици за благодарност За кои три нови работи сте благодарни? Запишете ги секое утро,  а за да го видите ефектот правете го ова 21 ден. Оваа вежба е важна бидејќи повеќе ќе ги скенира позитивните работи отколку негативните. Пишувајте дневник секое утро Во детали опишите некое позитивно искуство кое ви се случило во последните 24часа. Ова е важно бидејќи повторно се чуствувате позитивно и ќе сфатите колку е тоа важно. Покажете добрина преку порака или меил Преку порака покажете внимание на некој. Секој ден нека биде различна личност. Науката покажува дека луѓето кои го практивуваат ова стануваат лидери на силните врски. Вежбајте Доколку не сакате да тренирате имајте утринска активност. Играјте на брза музика, прошетајте го кучето или пак завршите некоја работа во градината. Медитирајте Дишите, две минути концентрирајте се на вдишувањето и издишувањето.Тоа му овозможува на вашиот мозок да се концентрира сегашаноста. Медитацијата го зголемува нивото на среќата, а го намалува нивото на стресот.