,

Шест причини зошто е добро да се биде мајка

Да се биде мајка е најубава „работа“ на светот, а освен љубов и радост мајчинството има уште некои предности за кои можеби не сте знаеле. Научниците истражуваа што донесува мајчинството и во различни студии заклучиле зошто е добро да се биде мајка. Помал ризик од развој на канцер Докажано е дека мајчинството ги намалува шансите за развој на повеќе видови карцином. 'Cancer UK' известува дека доењето го намалува ризикот од рак на дојка, веројатно затоа што ги менува ќелиите на дојката на жената што ги прави отпорни на болести.
Жената е посреќна кога пораснат децата Иако неколку студии покажале дека детето не мора неопходно да ве прави среќни, повторно во раните години на мајчинство, изгледа дека децата можат позитивно да влијаат на вашата благосостојба. Раѓањето на детето го подобрува памтењето Точно е дека бременоста остава многу негативни ефекти на телото, но изгледа дека раѓањето на деца донесува неверојатни предности, како што е зголемување на памтењето... Истражување во 2015 открило дека бременоста ја зголемува количината на сива материја во мозокот која може да ја подобри меморијата. Се продолжува животниот век Изгледа дека раѓањето на децата помага да живеете подолго, но само ако добиете дете во „подоцнежна“ возраст. Или едноставно, жените имаат 11% поголеми шанси да живеат до 90-тите години, ако детето го родат после 24, велат научници од Универзитет по медицина во Сан Диего.   Ризик од развој на дијабетес Но само ако доите. Според една студија во САД, изгледа дека мајките кои дојат во текот на шест месеци може да ги намалат своите шанси за развој на дијабетес тип 2 за значајни 47%. Хормоните кои се вклучени во лактација, исто така влијаат на ниво на инсулин. Добри навики По раѓањето на детето, многу жени јадат здрава храна, вежбаат, водат сметка за своето ментално здравје. Да не го спомнуваме фактот дека многу мајки го оставиле пушењето и пиеле многу помалку алкохол