Јас сум жената, која спие со твојот маж …

Јас сум жената, која спие со твојот маж … Часот е 23:03 и пишувам со твоето момче. Па, не мора да значи со твоето, туку со некој друг. Ти си девојка која нема идеја дека човекот во кој таа е вљубена моментално и пишува на некоја друга што сака да направи со неа и ѝ праќа непристојни фотографии. Јас сум непозната мачка. Љубовница е многу стар и старомоден концепт. Еве зошто оние како нас веќе ги нарекуваат непознати мачки. Јас не сум курва, макар и да сакаш да ме нарекуваш таква. Јас не сум дури и кучка - всушност сум пријатен човек. Имам пријатели и семејства кои ме сакаат и не се вклопуваат во стереотипот на другата жена. Јас не сум супер специјална, јас не сум поубава од тебе, или повеќе забавна, или подобра во кревет. Јас не сум валкана, не спијам со мажи само за една ноќ, и не одам по клубови за да приберам некој дома. Јас не сум спонзоруша. Всушност, едноставно сум едноставна. И сепак, последните пет мои врски (го користам терминот врска доста слободно) беа со мажи кои веќе беа или имаа врска со некој друг. Имам пријатели кои никогаш не можат да бидат таа личност, другата личност. Во секундата кога ќе слушнат дека еден човек има девојка, забораваат за него и не се осмелуваат да помислат за таква врска. Не знам зошто сум различна. Не знам зошто секогаш се чувствувам привлечена од зафатените мажи. Мојот близок пријател мисли дека имам проблеми со врзувањето. „Неговата теорија е дека ако некој е зафатен, автоматски станува попривлечен во моите очи, бидејќи знам дека ништо нема да излезе“. Терапевтот што го посетував пред некое време, ми кажа дека сево ова се должи на длабоко вкоренетата несигурност и дека морам да ја спознаам сопствената цена. Бла Бла Бла … Разбрав што сакаше да ми каже - твојата самодоверба расте кога сфаќаш дека на еден маж му се допаѓаш доволно за да ја измами девојката со тебе. Ова значи дека сум убава, нели?, врескаше во моите моменти моето слабо, срамежливо и чуднo тинејџерско Јас. Искрено да ви кажам, вина за тоа имаат и сите романтични комедии што сум ги гледала и во мојата глава ја всадиле идејата за спектакуларната љубов што минува низ сите тешкотии, а ликовите живеат долго и среќно заедно. Да ви признаам, единственото нешто што секогаш ме изненадува е големата подготвеност на сите мажи да мамат. И тоа само обични мажи со прекрасни девојки. Тие не се „мачо мажи“, не спијат со секоја и не изгледаат како Бред Пит, но им треба многу малку за да скокнат во таа пропаст. Всушност, овој случај може да има многу едноставно објаснување - луѓето можеби не се создадени за да бидат моногамни. Или барем така и кажа на својата девојка, по скајп конверзација Емон, пилотот кој го сретнав во хостел во Јужна Африка, пред да ме праша дали може да спие со мене. Ајде да ви издадам една тајна - рече таа Не. Ајде да ви издадам уште една тајна - ние сепак го направивме тоа. Она што сакам да го разјаснам е дека во моментот не се смеам ѓаволско и не сакам да те скршам - само во моето тело ми недостига оној дел со кој треба да имам емпатија за тебе. И не ме сфаќај погрешно, јас не сум човек на кој не му е гајле. Јас донирам средства за добротворни цели, плачам на тажни филмови ѝ им помагам на повредените животни. Но, ти? За мене, ти не си вистинска личност, не сум те сретнала, не те познавам, и така успевам да го направам она што го правам. А тоа е да бидам непозната мачка без вина, само со мала вознемиреност што не можам да го видам твојот дечко почесто, бидејќи вечерва сте на вечера или ќе те донесе некаде за твојот роденден. Можеби ќе беше поинаку ако мене ме изневеруваа, но не ми се случило и не можам да почувствувам каква е болката, кога сфаќаш дека се случило. Понекогаш си мислам дека сум проколната - го изневерив моето прво сериозно момче и сметам дека судбината е кучка и сега ми враќа така што ме среќава само со зафатени мажи. Но кога го исклучиме натприродното од сликата, на почетокот е доста возбудливо да си непозната мачка, но потоа доаѓа просветлувањето дека секогаш ќе бидеш само втората најдобра. Потоа доаѓа следниот зафатен принц во сјаен оклоп, и магичниот круг се врти. Додека не го најдам мојот и живееме долго и среќно …