Фантастично изгледаат во комбинација со тексас, кадифе и материјал поинаков од материјалот од кој се изработени, а исто така можат да се носат со бројни комбинации. Одлично изгледаат и во лежерен шик издание, спортски „look“ и за вечерни излегувања. Зборуваме за панталони кои се имитација на кожа. Или во ретки прилики, и од вистинска кожа.
Добар пар на вакви панталони ја спасува секоја зимска комбинација на облекување. Оваа сезона во понудата на Зара има многу видови од овој тип. Повеќето се со висок струк, а имаат и интересни додатоци на ногавиците.
Во Манго тоа се нешто пофини модели кои најдобро се комбинираат со предимензионирани кошули кои како да се украдени од некој плакар. Исто така, одлично изгледаат панталони кои имаат благо ѕвонести ногавици, а одлично ќе изгледаат во комбинација со тесни глуждови.
И H&M секоја зима во понудата има панталони од имитација на кожа, а оваа сезона популарни се моделите кои многумина ги комбинираат со строги чевли, како салонки и отворени потпетици.
Во понудата на омилениот британски „high street“ синџир Topshop се кријат некои од најинтересните модели на панталони од еко кожа. Во око ни паднаа оние со додаток на реси, но и едни многу секси панталони. Изработени од овие два дела и споени во врски ја оставаат ногата откриена по целата своја должина.