,

Викторија Бекам колекција за прв пат во Македонија

Добивај вести на Viber

Со оваа мејк ап колекција, сакам да направам сите жени насекаде да се чувствуваат подобрено, поубаво и посамоуверено. Инспирирана од моите омилени градови во светот, оваа колекција ја рефлектира мојата сопствена и лична визија за убавина.“ -Викторија Бекам Во Македонија за прв пат пристигна козметиката на Викторија Бекам - лимитираната колекција Есен/Зима 2017 - во соработка со брендот Estee Lauder - достапна единствено во парфимеријата Anabella во Skopje City Mall. Со производите од колекцијата на Викторија Бекам ќе добиете извонредна комбинација на драматично див и гламурозно нежен изглед. Викторија вели дека искуството пред камера ја научило колку вистинското светло има моќ да ги изрази цртите и контурите на лицето и да го направи сјајот на кожата повпечатлив, па со оваа колекција таа го овозможува токму тоа. Кому му треба совршено светло, кога може да ги користи производите од новата колекција на Викторија Бекам?