ВИСТИНА Е: Не е исто 100 калории од брокули и 100 калории од чипс

Најважна работа во исхраната е шеќерот. Ако сакате да слабеете, тогаш исфрлете го шеќерот. Морате да водите сметка за количината на шеќер во крвта, без тоа драстично да се зголемува или намалува. Ако нивото на шеќер во крвта варира во текот на денот, со тоа и потребата за храна ќе се зголемува. Доколку сакате да ослабнете, морате да потрошите повеќе калории отколку што внесувате. Но, не е исто 100 калории од чипс и 100 калории од брокули. Од чипсот ќе бидете уште погладни, а со тоа ќе дојде и до зголемено конзумирање на храна и вишок килограми.