,

Внесете љубов во вашиот дом со Фенг Шуи

Се случува полето на љубовта да е запуштено, да чувствувате дека ви недостасува љубов, или пак да чувствувате оддалеченост од партнерот. Можеби постои нарушување на текот на Чи во ќошето на љубовта во вашиот дом. За да го најдете ова ќоше во вашиот дом или пак посебно во вашата спална соба потребно е од влезната врата да се насочите во неговата спротивна десна страна. Ова десно ќоше е вашето ќоше на љубов и на врски. Како треба да го уредиме за да ни донесе добра енергија, всушност е многу едноставно. Ова ќоше толерира бои и тонови од црвената, розевата и белата боја. Можете да ставите свеќи во црвена или розева боја за да предизвикаат љубовна топлина. Исто така можете наместо свеќи да ставите црвена или розева лампа. Доколку ова ќоше не е во вашата спална соба ставете цвеќиња бидејќи тие ја носат убавата енергија. Одберете бели, розеви или црвени цветови да ви донесат романса, љубов и сексуална енергија. Ставете предмети и украси кои ве потсетуваат на љубов. За оние кои се сами, треба да стават работи во пар како на пример две чаши, две цвеќиња, два гулаби, две свеќи и слично. На овој начин ќе донесат добра енергија и ќе привлечат партнер. Доколку вашата спална соба се наоѓа токму таму потрудете се да направите баланс меѓу женската и машката страна, искористете тонови кои ќе го направат токму тоа. Ставете слика од вас и вашиот партнер. Внимавајте посебно на ова ќоше, секогаш да биде чисто од прашина, од работи кои ви будат лоши спомени, работи од минати врски. Исто така не оставајте скршени предмети или работи кои треба да се поправат бидејќи носат лоша и непостојана енергија. Потрудете се секогаш овој простор да биде со свеж воздух, а можете да искористите, мирисливи стапчиња или есенцијални масла. За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер