ВОДА: Да се пие пред оброк или после оброк?

Лекарите и нутриционистите се со став дека чаша вода пред оброкот може да даде чувство на ситост, што би придонело да се јаде помалку, или да се избегне прејадување. Се верува дека може да се пие вода и за време на оброкот, вистината е дека потребна е концентрирана желудочна киселина за процесот на варење да се одвива правилно. Дури и потребно е да се почека 20-30 минути по оброкот за да се испие чаша вода, за да се избегнат потешкотии со варењето. За да бидете сигурни дека пиете доволно вода, почитувајте го следниов распоред: – Две чаши вода наутро, веднаш по будењето – Две чаши вода триесет минути пред оброк – Една чаша вода пред туширање, за да се избегне покачување на крвниот притисок – Една чаша вода пред спиење, за хидратација однатре и за време на сонот