Моден фокус // Трендови
Во „Ројал Алберт Хол“ доделени Модните награди за 2017
Во лондонската концертна сала „Ројал Алберт Хол“ беа доделени годишните Модни награди (Fashion Awards), кои до скоро беа познати како Британски модни награди (British Fashion Awards).
Бројни личности од светската мода, вклучително и славни актери, музичари, спортисти и водители, прошетаа на црвениот килим, а потоа присуствуваа на церемонијата која почна со доделување на признание на Марија Грација Кјури од „Диор“ за позитивни промени во модата.
Супермоделот Наоми Кембел одржа емотивен говор за нејзиниот пријател и моден креатор Азедин Алаја, кој постхумно ја доби наградата за извонреден придонес во светската модна индустрија.
За најдобри британски дизајнери прогласени се Џонатан Андерсон (за својот бренд JW Anderson) за женска, и Крег Грин за машка колекција. Андерсон, ја доби и наградата за најдобар дизајнер на модни додатоци, но за неговата работа во модната куќа Loewe. Главната награда за дизајнер на годината му припадна на Раф Симонс, креативен директор на Calvin Klein.