,

(ГАЛЕРИЈА) Зимската бајка на Bella – за совршен крај и нов почеток со стил

Добивај вести на Viber

Нашиот бренд за модна облека ja претстави новата зимска колекција со порака до дамите да останат самоуверени и доследни на сопствениот стил. [gallery size="full" ids="9673,9674,9675,9676,9677,9678"] „Секој крај неизбежно носи нов почеток, но нам ни останува да одлучиме каков ќе биде тој. Вистинските дами секој пат одлучуваат тоа да биде во нивниот стил, оној кој блеска со префинета женственост. Како најдобар пријател на дамите подготвивме колекција од деликатно изработени модели кои ќе ви помогнат да останете доследни на вашиот стил до самиот крај на годината и да зачекорите со самодоверба во новата. Со “Bella” оваа зима насмевката ќе биде дел од вашиот имиџ.“ – гласи носечката порака во новиот едиторијал на “Bella”. [gallery size="full" ids="9679,9680,9681,9682,9683,9684"] Колекцијата изобилува со различни модели, за различни пригоди. Секој од нив е посебен и уникатен на свој начин, но истовремено автентичен на она што доаѓа со потписот Bella - исклучителна елеганција и женственост. Меѓу нив ќе најдете класични комбинации, еднобојни елегантни фустани, модели кои ја спојуваат елеганцијата на минатото со модерното, па сè до впечатливи, софистицирани модели во чекор со високата мода. Секое парче облека е збогатено со детали кои дополнително му даваат уникатен карактер. Материјалите се внимателно избрани соодветно на секој модел - сатен, волнен штоф, бродирана органза, жоржет, пепито плетенина, чипка... Сите модели од новата колекција се веќе достапни во продавниците на Bella. [gallery size="full" ids="9685,9686,9687,9688,9689"] *Комерцијален текст