,

ГАЛЕРИЈА Како амбасадорскиот пар Бејли ја промовираше Made in Macedonia?

Добивај вести на Viber

Добредојде Македонија Велком Центар во соработка со Амбасадорот на САД Џес Л. Бејли и госпоѓа Кејпи Полк Бејли во Музејот Македонија со ревијата Made in Macedonia Современ дизајн накитен со минатото, покажаа дека модата и културата постоеле во Македонија и во минатото. Богати, инспиративни, традиционални носии и накит и денес се модна инспирација. Ова преточено со македонска музика беше концептот кој визионерски беше претставен со модни креатори од Македонија. Фото Деница Чадиковска, преземање на фотографиите е можно само со одобрение од Женски Магазин Ревијата започна со концептот РУМОР на Алек Бимбилоски и Лејла Гогова Румор со својата ин хаус колекција оваа сезона ја потенцира поддршката за победа на хуманизмот во светот која преку призма на модата, со елементи на традиционалното македонско знаење го претставува на ултра модерен начин. Креаторката Лидија Георгиева се претстави со „ПОВРШИНИ“. Во колекцијата доминираа жолта и златна боја-топли како сонце, се дружат со црна и метално црна, мистериозни како ноќта. Со 20 години искуство во париската луксузна индустрија, Лидија Георгиева го создава својот универзум заедно со македонската традиционална вештина на плетење. МАРИГУЧА – Нела Тодоровска ја претстави носијата како панк, додека Роберт Ивановски ја најави традиционалната народна култура преточена во урбана улична мода Росица Мршиќ уште еднаш го покажа својот современ, безвременски вокабулар, кој понекогаш се инспирира од минатото, но се стреми кон создавање космополитски модни парчиња. Дизајнерката Антонија Ристевска ја покажа колекцијата која е инспирирана од невестинска носија, мотивот ’Очи од ’Зобан, мотиви од опрегач ’Јумаклија и мотиви од делови од ’Саја. Колекцијата е наменета за жена која ја носи нераскинливата врска со минатото, жена која е апсолутно присутна овде и сега со проекција за својата иднина. Новата колекција ’Саја пролет/лето 2018, е проект поддржан од Министерството за култура. Креаторот Никола Булевски-Буле на ревијата ја постави својата колекција „Лепа Анѓелина“, инспирирана од традиционалните македонски костими, надополнети со везови од Ала Турка градската облека Во колекцијата АЛШАР на Силвија Михајловска, кроевите и формите на креациите се авангардно видување на македонските носии и облеката на револуционерите, претставени со асиметрични форми, со нагласен волумен и детали црпени од фолклорот преку апликации во форма на баклави, реси, метални копчиња, и метални патенти, како асоцијација но сè изведено во многу современ концепт. Олгица Ѓоргиева го пренесе својот концепт во кој традицијата претставува разгледница на едно време кое секогаш може да биде инспирација за нешто ново. Тоа што било вчера го детерминира нашето денес, а тоа што е денес го детерминира нашето утре. Модниот бренд КЛАРИС на Тања Кокев порача македонската жена е таа, иста. Инспирацијата не е во минатото, туку во сегашноста. Истите вредности, истите ставови. Истата гордост и цврстиот став. Истата семоќност да се остварат и сите соништа и сите обврски. Пркосење на животот но најчесто тивко, бесшумно. ДРАМА Ивана Кнез ја донесе на сцената македонската природна убавина, планините како инспирација. Нејзината колекција е посветена на Филип Чакаров. Некогаш суптилно и едвај видливо, другпат како буквален превод, македонската традиција е постојано присутна во дизајните на Ефтимов. За оваа презентација тоа се парчиња облека што припаѓаат на категориите на носливото, во комбинација со дела-објекти изработени со експериментални техники. Тие се инспирирани од македонските традиционални везови, резби и други облици на декоративните уметности.