,

Гламурозната Меланија уште еднаш покажа дека е дама со стил

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга ги запалија божиќните светилки на големиот бор во близина на Белата куќа, а како и обично манекенката изгледаше како да се симнала од модна писта. Преубавата Словенка беше елегантно облечена во црвен капут со дискретен коцкаст примерок кој го потпишува Chanel . Меланија оваа ефектна креација ја споила со нејзините омилени лобутинки. Одличниот make up и стилизирана фризура го зачинија празничниот изглед на Меланија која многумина ја прогласуваат за најдобро облечена прва дама во Белата куќа.