,

Дезенирани хулахопки тренд во светот

Добивај вести на Viber

Сакате да бидете модерни и урбани, дезенираните хулахопки се вистински избор за вас. Дезенот може да биде различен а изборот на каков тип на дезен е во зависност од пригодата. Ваш е изборот дали ќе бидете смели да носите хулахопки со апликации, можете едноставно да сте облечени но да носите хулахопки со интересни дезени и со јаки бои, исто така да сте нежни и млади со хулахопки бобици, како и за вечерните часови за забавите да носите ситна или крупна мрежа. Се зависи од вашиот карактер и како сакате да се презентирате како личност, затоа што секогаш првиот впечаток е важен во секој дел од денот. „Дезенираните хулахопки од моменталните catwalk трендови ја пратат сезонската приказна и го комплементираат целосниот стајлинг на секоја жена. Оваа сезона актуелна ќе биде геометријата со контрастни бои и нагласени форми како и конкретни приказни кои во комбинација со едноставен фустан или здолниште кое изгледа шик и современо“ советува Ивана Кнез, моден дизајнер. Најважно од се, за време на зимскиот период дезенираните хулахопки се моден детаљ, така што тие се и најдобар пријател на жените кога носат здолниште за да се чувствува удобно, комфорно и топло.