,

Едноставни вежби и исхрана поради кои Џенифер Лопез изгледа како да има 20 години

Џенифер Лопез која е пејачка, моден могул и успешна деловна жена секогаш изгледа беспрекорно, боженствено и фит иако има 48 години. https://www.instagram.com/p/BVpkSZAFg_W/?utm_source=ig_embed Не изгледа ни ден постаро од 30 години благодарение на нејзината дневна рутина, а кога видите што прави таа како би изгледала беспрекорно се ќе ви биде јасно. Нејзе пред се и е важно здравјето и поради тоа е посветена на вежбање и здрава храна. https://www.instagram.com/p/BXYhANNg2NZ/?utm_source=ig_embed Она што сите го знаеме е дека таа обожава да игра и да поминува многу време вежбајќи кореографии за настапи. Ваквиот тренинг прави таа да биде фит и затегната, а покрај тоа сака да вежба по методот на Трејси Андресон. Има и два лични тренери Гунар Питерсон, и Дејвид Кирч. Често работи тренинзи за сила со тегови и склекови, подигање на колкови и слично. https://www.instagram.com/p/BS9UcIJFX3M/?utm_source=ig_embed Такво тело не се добива преку ноќ и таа напорно работи за да има совршена фигура. Таа вежба секој ден и го применува методот на Трејси 5 пати неделно. Дури и кога дојде дома после напорен ден, ако не вежбала тој ден таа ќе го одработи тренингот без изговор. https://www.instagram.com/p/BbZ6OxqFiec/?utm_source=ig_embed Нејзината исхрана не подразбира обработена храна и нема шеќер. Се базира на цела здрава храна, а ако почувствува глад тогаш ќе посегне за некој протеин отколку за некоја грицка, пишува Поп Шугар. Кога оди на ручек или вечера, порачува нискокалорични јадења како што е салата и риба бидејќи се е во паметниот избор на храна и контрола на порцијата. Џенифер не пие кафе и алкохол. https://www.instagram.com/p/BMW9vZiAlCR/?utm_source=ig_embed „Она што го јадете не влијае само на вашето тело туку и и на тоа како изгледа вашата кожа“ рекла пејачката во едно интервју. Таа замена за нездрави сокови, кофеин и алкохол пронашла во водата која ја пие во огромни количини. Посебно многу вода конзумира пред тренинг како би имала доволно сила за да го издржи вежбањето.