,

Елизабет Харли советува: само еден производ е доволен за брз метаболизам и витка фигура

Нејзината природна убавина и харизма со која зрачи отсекогаш ги освојуваа срцата на многумина, а покрај тоа и нејзиниот фантастичен изглед кој секогаш го истакнуваше со тесните фустани и избрани модни комбинации. Со 52-години, Елизабет изгледа како да има барем 20 години помалку, а еве што им порачува таа на сите жени. „Секое утро пијам чаша вода со малку јаболков оцет. Овој пијалок е одличен за метаболизмот и поради него кожата ми е толку сјајна“, открива преубавата Британка. Сепак, на тоа додала искрен коментар дека оцетот има неубав вкус, но и дека себе после тоа сака да се награди со вкусно кафе. Елизабет не е единствена позната личност која советува редовна употреба на оцет за забрзување на метаболизмот, а со самото тоа и витка фигура: Џенифер Анистон исто така го конзумира со топла вода, по станување, додека Миранда Кер не може да замисли салата без него. Сега знаете како може да го постигнете посакуваниот изглед, да го зачувате и истовремено да бидете здрави.