,

Заборавете на омбре и балајаж: Ова е новиот тренд за 2018!

Добивај вести на Viber

Конечно се појави техника на боење на косата која ги турна во втор план омбре и балајаж, кои на сите им досадија. Калифорниското сенчање се појави не толку одамна, но брзо ја доби заслужената популарност. Овој сончев отсјај на косата стана омилен на овој тип на тонирање на косата. Денес тоа е моден правец кој фризерите го објавија како најмодерен во 2018 година. Ваквата техника на фарбање и одговара на секоја боја на коса. Дајте и дополнителна блескавост и косата ќе изгледа маѓепсничко, како во рекламите за шампон. Токму затоа оваа техника го привлече вниманието на светски познатите личности. Во основата на овој тип на фарбање е класично осветлување, но го разликува поблаг и повнимателен пристап. Фарбањето не бара употреба на фолија или термо-хартија. Косата се бои на отворен воздух и на тој начин помалку се оштетува. Често на праменот се нанесува паста која во својот состав има пчелин восок. Калифорниското сенчање може да се изведе на разни фризури и нијансите се избираат посебно за секој клиент, така да практично на секоја жена добро и стои. Правилната примена на технологијата дава околу пет нијанси - од студено платинеста до топло златна или медна. Суштината е во тоа да се добие природен премим од нијанса во нијанса - од потемна боја, близу до корен, до осветлени краеви. Кај овој вид на сенчање се препорачува да се обратите до искусен фризер кој умее прецизно да ја одреди нијансата и кои совршено се снаоѓаат во спектарот на бои. Самиот процес е посложен, бара повеќе класични варијанти и бара индивидуален пристап на секој тип. За правилно сенчање важно е да изберете нијанса која ви одговара од палета бои. За да добиете што поприроден ефект, морате да користите до пет нијанси. На темна коса   Светли Темносмеѓа и светлосмеѓа https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=8CJlLFr_JJ0